Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот филм “Белиот тигар” ќе се прикажува во Охрид.
Во рамки на манифестацијата “Денови на рускиот филм”, што Амбасадата на Руската Федерација во земјава ја организира во соработка со Кинотеката на Македонија, во Скопје ќе бидат прикажани повеќе руски филмови со воена тематика.
Еден од нив ќе биде прикажан и пред охридската публика. Станува збор за филмот “Белиот тигар” на режисерот Карен Шахназаров.
Проекцијата на филмот е закажана за понеделник во амфитеатарот на Филмскиот институт во Универзитетот ” Св. Апостол Павле“ со почеток во 19:30 часот.
“Белиот тигар” е високобуџетен филм, со 11 милиони долари, а е снимен за три и пол години во продукција на “Мосфилм”. Во главните улоги настапуваат Алексеј Вертков и Виталиј Кишченко. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива