РЦУК Охрид: Поради дефект на далекувод без електрична енергија е селото Опеница и околината
јануари 13, 2025

Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Регионалниот Центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид, известуваат дека состојбата на територијата што ја покриваат во моментов се одвива во зимски услови.

– Сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци: Струга-Ќафасан, Маврово-Дебар-Струга, Пресека, Стража-Кичево и Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информираат од РЦУК Охрид.

Додаваат дека снабдувањето на населението со електрична енергија е во прекин во селото Опеница и околината поради дефект на далекувод. Дежурните екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на истиот.

Поради поголем дефект на водоводна цевка на улицата „Петар Поп Арсов“, без водоснабдување се улиците „Петар Поп Арсов“, дел од булевар „Туристичка“ и „Стив Наумов“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука