март 5, 2015

Охрид, 5. март 2015 (ИНПРЕС) – Во сабота во кафе барот „Ликвид“ ќе се одржи забава со DJ Jeddy.

Забавата е насловена „Saturday Night Fever“. Стружанецот Џеди Лапо, познат како DJ Jeddy, настапува во повеќе локали низ македонските градови.

Тој е дел од Супер радио тимот во делот на радиската програма со миксови во живо. Емисијата на DJ Jeddy, Addictive Vibes се емитува секој петок од 20:00 до 21:00 часот на Супер радио.

DJ Jeddy е актуелен и со соработката со охридскиот музичар Никола Тони, со кого имаат заеднички проект на дј-ски сет со перкусии.

Во сабота, во Ликвид, DJ Jeddy ќе ги забавува посетителите со одбрана house музика и поп хитови. забавата е со почеток во 22 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука