Охрид, 16. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започна да се спроведува екстерната проверка на знаењата на учениците од завршните години, во средните училишта, кои не беа тестирани во периодот од 26-ти до 30-ти јануари.
Во Охрид полагаат само двајца матуранти. Едниот е ученик во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ и од утрово во 09:30 часот ја исполнува својата обврска, а другата ученичка полага во Средното училиште „Свети Кирил и Методиј“.
Во останатите два средношколски центри, Електро-машинскиот училиштен центар „Свети Наум Охридски“ и угостителско-туристичкото „Ванчо Питошески“, сите средношколци го полагаа екстерното тестирање во јануарскиот рок.
Од 26-ти до 30-ти јануари годинава беа тестирани околу 640 матуранти од четирите средношколски центри во Охрид.
Резултатите од екстерното тестирање за оние кои полагаат од денеска, ќе бидат објавени на 23-ти февруари.
На крајот од учебната година, матурантите ги очекува полагање и на државната матура. Останатите ученици (од прва, втора и трета година) ќе се проверуваат преку екстерното тестирање кон крајот на оваа учебна година.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес