февруари 17, 2015

Охрид, 17. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Сонцето пука, а ние се повеќе тонеме во калта, иако временските услови се погодни, барем за тампонирање како што ни ветија неодамна, реагираат револтираните жители на улицата „Момчило Јорданоски“.– Кога реагиравме минатиот пат ни ветија дека кога ќе се подобрат

временските услови ќе следи тампонирање, а потоа и асфалтирање на улицата. Изминатата недека имавме одлично време, а сепак ништо не е направено, реагираат преку допис до OhridPress жителите на овој дел на градот, револтирани од неодговорноста и ноншарлантноста на одговорните.

– Погледнете во какви услови и со каков пристапен пат живееме во зградите на оваа улица. Од локалната самоуправа ни ветија дека ќе биде направен патот до зградите кои се сите нови и со платени комуналии. Ние како сопственици имаме имотни листови што значи дека се` е уредно платено за да имаме и пристапен пат и осветлување. Наместо тоа, ние во блато и кал седиме во домовите и не можеме да излеземе надвор, затоа што мора да носиме чизми, изјавија на 22-ри јануари за OhridPress жителите на оваа улица.

Додаваат дека од локалната им ветиле дека ќе добијат пат и напоменуваат дека би прифатиле и тампониран пат, како привремено решение, само да можат нормално да живеат.

– Како да живееме во некоја планина, а сме на само неколку километри од центарот на градот, реагираа тогаш во дописот до Супер радио и OhridPress.

Од Општина Охрид изјавија дека делот од улицата „Момчило Јорданоски“ кој плива во кал во догледно време ќе биде тампониран. Љупчо Танески од Секторот за комунален развој во општина Охрид појасни дека најпрвин ќе се тампонира овој дел од улицата, а потоа ќе следува и асфалтирање.

– Запознаени сме со овој повеќегодишен проблем на жителите кои живеат на овој потег. Планирано беше пред да заврне снегот да се тампонира, но заради снежната бура активностите беа одложени. Во најскоро време штом дозволат временските прилики ќе пристапиме кон тампонирање на улицата за да не поминуваат граѓаните во кал, а потоа секако дека ќе следи и асфалтирање на овој дел од улицата „Момчило Јорданоски“, изјави Танески на 23-ти јануари.

Како што додаде тој, вакви активности паралелно ќе се одвиваат и на улицата „Сирма Војвода“ каде што постои сличен ваков проблем.

Погледнете во какви услови живеат граѓаните во овој дел на градот. (Крај)

momcilojordanoskifevruari2

momcilojordanoskifevruari3

momcilojordanoskifevruari4

momcilojordanoskifevruari5

momcilojordanoskifevruari6

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Жители на улицата „Момчило Јорданоски“ – Околу нас кал како да живееме во планина (Фото)

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука