Охрид, 24. октомври 2014 (ИНПРЕС) – На јавниот повик за бесплатна обука по англиски јазик што го објави Локалната самоуправа се пријавиле само 30-тина таксисти.
Тоа, според надлежните е само 10 проценти од вкупниот број такси-возачи кои имаат лиценца за вршење на оваа дејност.
Обуката за познавање на англискиот јазик е предвидена со Законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Огласот траеше околу 40 дена и на него можеа да се пријават сите заинтересирани лиценцирани таксисти кои вршат такси-превоз на територијата на општина Охрид. (Крај/А.Р.)
извор: Супер радио фото: архива
Прочитано: 24