Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Само 62 лица на територијата на Република Македонија се пријавени да гласаат на денешните седми избори во изминатите три години во Бугарија.
Според официјалните податоци на изборната комисија на Бугарија, помеѓу овие, нема ниту едно лице од Охрид, а регистрирани се пет од Битола, едно од Кавадарци, 10 од Скопје, едно од Струмица и најмногу, 45 од Прилеп.
Граѓаните на Бугарија денеска гласаат, но според анкетите, ни тие немаат верба дека исходот конечно ќе овозможи формирање стабилна влада во најсиромашната и една од најкорумпираните земји во Европската Унија.
Анкетите укажуваат дека мали се шансите и на овие избори да се издвои победничка партија што би можела да обезбеди поддршка од мнозинството пратеници, но и дека недовербата на гласачите во системот е најниска во светски рамки.
При истражувањето на агенцијата „Тренд“ спроведено во изминатата недела дури 38 отсто од анкетираните 1.002 полнолетни граѓани изразиле решеност дека ќе излезат на изборите, но реалниот одѕив се очекува да биде рекордно низок, меѓу 2 и 2,2 милиони гласачи, близу до оној од 30 отсто на претходните избори во јуни. (Крај)
извор: ОхридПрес/cik.bg фото: ОхридПрес