Сандерленд, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Медиумите од Англија пренесуваат дека екипата на Сандерленд сака да го врати легендарниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виеира во англискиот шампионат.
Тренерското столче на Дејвид Мојес се ’тресе’, затоа што екипата после 22 одиграни меча се наоѓа на последното место со само 15 освоени бода.
Виеира во моментов го води американскиот Нујорк Сити, а после завршувањето на кариерата во 2011 година беше вклучен и во стручниот штаб на Манчестер сити, па има добри познавања од англискиот фудбал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16