декември 24, 2017

Охрид, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата ХААК ги санира оштетувањата кои неодговорни поединци ги направија ноќеска на дел од новогодишната опрема поставена на Градскиот плоштад, како дел од пошироката прослава на Нова година во Охрид.

Станува збор за една од тезгите на кои наскоро, според најавите, треба да се одржи Фестивалот на виното во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

saniranatezga2Од ХААК дополнуваат дека се посебно зајакнати сите тезги за да се спречат дополнителни оштетувања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука