Охрид, 2. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1-ви март 2024 година, во периодот од 15:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.
– Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 37 возачи кои, управувајќи моторни возила, извршиле престигнување на непрегледни и места каде со сообраќаен знак е забрането престигнувањето, од кои 8 во Охрид, 21 во Струга и по 4 во Кичево и Дебар, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 30