Сан Антонио, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со резултат 110:107, кошаркарите на Сан Антонио го надмудрија Хјустон во петтиот натпревар од плеј-оф серијата.
Со оваа победа, Сан Антонито води со 3:2 во серијата.
Најдобар кај Сан Антонио беше Леонард со 22 поени, 15 скокови и 4 асистенции.
Кај Хјустон најдобар беше Харден кој постигна трипл-дабл, со 33 поени, 10 скокови и 10 асистенции.
Следниот меч се игра во Хјустон, в петок наутро и ако Сан Антонио слави ќе се пласира во финалето, каде што веќе чека Голден стејт.
извор: supersport.mk фото: архива
Прочитано: 31