Скопје/Охрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По завршувањето на првата сезона на Кастинг Талент Шоуто, македонската музичарка Сара Мејс, изненади со нов оригинален проект.
Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс, заедно со охридскиот гитарист Дамјан Пејчиноски на јавноста решија да ѝ го откријат својот став изразен преку несекојдневна музичка „борба” на ставови, оригинално претставена во нивната нова заедничка песна „Немам пари“.
Во новата песна и видео запис, Сара и Дамјан заедно со екипа предводена од актерот Тино Костадиновски и водителот Марко Новески, како и многуте статисти вклучени во целата приказна, на непрепознатлив и оригинален начин, отворено и искрено решија да го претстават своето мислење најдобро што можат – преку музиката.
За новата песна на Сара и Дамјан аранжманот го направи Лазар Цветковски.
Музиката на „Немам пари“ е на Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски, текстот е на Сара.
Позади видео записот, кој е во режија на Горан Костадинов, стои продукцијата на Горила Филмс, со Васко Павлевски како извршен продуцент. Директор на фотографија е Кристијан Теодоров, камера оператор е Александар Ивановски, за сценографијаата се погрижи Влатко Чочоровски, а монтажата е на Јован Куциновски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива