Охрид, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека утре во метохот на манастирот „Св. Наум Охридски“ – Св. Атанасиј Велики во Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св. Атанасиј Велики“.
Со литургијата која ќе започне во 08:45 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 25