февруари 4, 2017

Охрид, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес со почеток во 8.45 часот во манастирот„Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, ќе се служи Света архиерејска литургија по повод празникот Св.ап. Тимотеј (именден на Митрополит Тимотеј).

Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј. На овој ден богослужба ќе има само во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник“ – Охрид (едноцрквие). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука