Охрид, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во петок, на 7-ми април, во катедралната црква Св. Софија во Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Благовештение на Пресвета Богородица.
Со светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – Сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38