Охрид, 27. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Култот кон света Петка во поширокиот регион на Охрид и Охридско е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.
Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека таа особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците се молат на неа, особено жените, да им помогне во животните проблеми. Покрај храмовите посветени на светицата, често има и извори и се верува дека водата од овие извори е лековита и многу помага во заздравувањето.
Според популарното верување, Света Петка на верниците често им се појавува во сон од две причини: да обезбеди утеха и да донесе добра вест или како еден вид предупредување за грешки. Според стариот обичај, на оваа светица и се оддава чест со молитва на празникот, се пали темјан и се избегнуваат тешки домашни работи. Света Петка не е само христијански празник, туку и празник на крштевањето на многу православни верници кои веруваат дека оваа светителка е заштитничка на нивниот дом.
На падините на ридот „Олмец“ во охридското село Велгошти, се наоѓа манастирот „Света Петка“, кој важи за олицетворение на духовноста и културното богатство на регионот. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка Римјанка, која се слави на 8-ми август, кога е манастирската слава. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива