Скопје, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 1 март (според стариот календар), по новиот 14-ти март, се празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија, родена во феникискиот град Илиопол.
Како девојка била многу убава и со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашни христијани и се закалуѓерила. Во манастирот минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на градот Илиополе била исечена со меч во 126 година.
Со празникот посветен на нејзиниот спомен започнува месецот март. Први март уште се вика и Летник, зашто според народното верување тогаш започнува летото. Меѓу позначајните обичаи поврзан со овој ден е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец, и се носат околу вратот или на рацете или нозете. Најчесто го носат само децата, но во некои краишта ги носеле сите членови од семејството како магиска заштита од разни несреќи.
Именден празнуваат Евдокија, Мартин, Марта. (Крај)
извор: blagovesti фото: архива