Струга, 11. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во големата сала на Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Свечена академија со која ќе се одбележат 200 години од раѓањето на Наум Миладинов, братот на Димитар и Константин Миладинови.
За животниот пат и музичкото творештво на Наум ќе говорат проф.Петар Аврамоски и доц. д-р Димитри Кумбароски. Проф. д-р отец Стефан Санџакоски ќе беседи на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православаната философија на животот според Богочовекот Христос“. Свој музички настап ќе има правнукот Христијан Миладинов.
Во склоп на програмата предвидено е концерт да одржи Хорот „Калистрат Зографски“. Почетокот на академијата е закажан за 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива