Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид и ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца со повеќе свечености ќе го одбележат 11. Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ.
Утре од 12:00 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи свечена седница по повод големиот празник, со обраќање на претставници од Општина Охрид и Сојузот на борците, а настанот ќе биде збогатен со културно-уметничка програма.
Во петок од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред Основен суд Охрид, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ (училишен двор) и на Градските гробишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 117