Охрид, 13. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во присуство на бројни пријатели и спортисти, денеска во Охрид беше свечено отворена Спортската сала „Knockout Gym“.
Лоцирана на улицата „Живко Чинго“, наспроти ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, кај „Монополот“, „Knockout Gym“ нуди одлична локација и услови за сите вљубеници во боречките вештини.
– Од понеделник до сабота се нудат часови по бокс и кикбокс, кои можат да се групни и приватни, во договор со вас, вели Марјан Ангелески, кој заедно со Садрија Демироски ги видат тренинзите во бокс и кикбокс и се сопственици на спортската сала, која работи како дел од кикбокс клубот „Нокаут“ од Охрид. Додаваат дека наскоро ќе се воведат и MMA тренинзи, за лица од најразлични возрасти, како што велат, од 7 до 99 години.
Ангелоски е поранешен трикратен државен првак во кикбокс до 90 килограми. Зад себе има бројни професионални кикбокс и ММА борби кај нас и преку 50 борби низ Европа. Демироски е државен првак во К1 до 75 килограми со бројни аматерски борби зад себе.
Сите заинтересирани, дополнителни информации можат да добијат на телефоните: 078/362-946 и 076/694-539. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Knockout Gym