Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, во петок, на 6-ти септември 2024 година, ќе се одржи свечен концерт на кој ќе настапат дел од учениците на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид со камерниот оркестар „Анима“ од Република Бугарија.
– Под диригентска палка на Георги Зајранов, како силисти ќе настапат Емилија Илиева на виолина од НУ „Добри Христов“ од Варна, Стефан Таштаноски и Михаил Стојаноски на хармоника и Виктор Србиноски на виолина од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид, информираат организаторите.
Концертот ќе започне во 19:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 81