јули 4, 2019

Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска, врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), ја свика 29-та вонредна седница на Градскиот совет.

Истата ќе се одржи во петок, на 5-ти јули со почеток во 12:00 часот во зградата на општина Охрид.

– На Дневен ред е Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за донесување на Правилник за внатрешна организација и систематизација на работни места во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид, Предлог-Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и на директорите на јавните установи за деца за 2019 година, како и Предлог-Одлуката за дополнување на Одлука бр.08-181172/29 од 28.12.2018 година и Одлука бр.08-312/3 од 16.01.2019 година, информираат од општина Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука