Охрид, 13. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесе решение за свикување на 42. седница на Советот на Општина Охрид.
Седницата ќе се одржи во вторник, на 18-ти јуни 2024 година, со почеток во 11:00 часот во зградата на Општина Охрид.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Предлог-одлука за престанок на мандат на член во Советот на Општина Охрид.
– Предлог-одлука за верификација на мандатот на член во Советот на Општина Охрид.
– Избор на Претседател на Советот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридпПрес
Прочитано: 35