Охрид, 11.февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Свињарот“ е новата театарска премиера што ја подготвува Народниот театар од Охрид.
Претставата е работена според текст на еден од најдаровитите писатели за деца Ханс Кристијан Андерсен, а е во режија на Ѓорѓи Ризески.
Деталите за новиот проект ќе бидат соопштени на утрешната прес-конференција во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Ова е прва театарска премиера за годинава на актерите од Охридскиот народен театар. (Крај)
извор:ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 55