Вашингтон, 23. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Светската здравствена организација го одобри првиот брз тест за борба против ебола, кој може да помогне при запирање на епидемијата во Западна Африка, која веќе уби околу 10 000 луѓе.
Тестот кој го разви американската компанија “Corgenix Medical Corp” не е толку прецизен како стандардните тестови, но е многу лесно да се направи.
Стандардните лабораториски тестови траат помеѓу 12 и 24 часа, додека оној на американската компанија “Corgenix Medical Corp” може брзо да ги открие пациентите кои треба да бидат изолирани. Тестот од капка крв може точно да идентификува околу 92% од заразените пациенти. (Крај)
извор: CNN фото: архива
Прочитано: 32