април 12, 2017

Охрид, 12. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што утрово во 05:25 часот се случи на улицата „Питу Гули“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

– На местото на сообраќајната незгода, животот го загуби 26-годишниот Д.Ј. од охридското село Велгошти кој, по улицата управувал патничко моторно возило марка „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки и се движел од „Стара бензиска“ во правец кон кружната крстосница кај Општата болница. Во критичниот момент, сега починатиот, изгубил контрола врз возилото, преминал на спротивната – лева сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво. Неговата смрт, на местото на сообраќајната незгода ја констатирал доктор од Итната медицинска помош, чија медицинска екипа набрзо пристигнала на улицата „Питу Гули“. На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на Јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. За време на увидот, немаше застој во сообраќајот, стои во официјалното соопштение.

soobrakajkavlmaalaПо наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и дополнително техничко вештачење врз патничкиот автомобил.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука