Охрид, 1. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти април 2024 година, во 13:00 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистрален пат во близина на влезот за аеродромот „Св. Апостол Павле“ се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од страна на 47-годишно лице од Битола, патничко возило „Киа“, управувано од 79-годишно лице од селото Белчишта, општина Дебрца и паркирано патничко возило „Опел“, двете со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две лица во возилото „Киа“, констатирани во Општата болница Охрид и во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива