Охрид, 10. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти ноември 2023 година во СВР Охрид е пријавено дека, во куќа во селото Требеништа, општина Дебрца, сопственост на 77-годишната Б.Н. од истото село, настанал пожар, во кој таа го загубила животот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
– Според пријавеното, во куќата се наоѓале и нејзиниот сопруг, 79-годишниот Б.Т. и нејзината сестра, 70-годишната Б.Н., која се здобила со повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Општата болница во Охрид. Во гаснењето на пожарот интервенираше Територијалната противпожарна единица од Охрид, а увид на местото изврши увидна екипа предводена од јавен обвинител, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ТППЕ Охрид
Прочитано: 29