Охрид, 19. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со цел да се подобри безбедноста на учениците во училиштата и да се намали бројот на кривични дела и нарушувања на јавниот ред и мир со елементи на насилство сторени од страна на ученици, СВР Охрид, утре го отпочнува превентивниот проект „Почитувај ја различноста“.
– Реализацијата на проектот е предвидена со учениците од осмо и девето одделение од основното училиште „Братство“ со кои, утре во 11:30 часот, ќе се сретнат претставници од одделението за превенција. Проектот Почитувај ја различноста“, кој во наредниот период ќе се спроведува и на останатото подрачје што го покрива СВР Охрид, низ интерактивен пристап, ќе понуди низа теми поврзани со насилството и причини за насилството меѓу учениците, со можностите за градење меѓусебна доверба но и теми по избор на учениците. Проектот треба да го поттикне учеството и соработката на вработените во училиштата, родителите и учениците во создавање на услови за безбедна средина и активно вклучување на сите во градење на безбедноста во училиштата. Основната идеја е да се интензивира и зајакне комуникацијата помеѓу учениците но и да се унапреди соработката и партнерскиот однос на полицијата со училиштата и со локалната самоуправа, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива