април 29, 2018

Охрид, 29. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи од Охрид, синоќа го реализира превентивниот проект „Полициско-родителски патроли“.

– Проектот е дел од активностите на оделението за превенција, а беше спроведен во периодот од 23:00 до 02:00 часот низ повеќе угостителски објекти во Охрид, како во централното така и во периферното градско подрачје. Учестувуваа околу 15 родители кои доброволно се пријавија, заедно со преставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од  образовните центри во Охрид. Притоа се направија обиколки на ноќните клубови и угостителски објекти, како и на други места при што родители имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои се можни да се случат во текот на ноќните забави, информираат од СВР Охрид.

Полициските службеници, согласно овластувањата, легитимираа повеќе гости во угостителските објектви и предупредени се неколку малолетни лица околу законските обврски кои мора да се почитуваат, а беа легитимирани и неколку други лица по други основи. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука