јануари 11, 2017

Охрид, 11. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во акцијата за помош на настраданото семејство Садик од Охрид, чија куќа и покуќнина изгореа во пожар.

Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата солидарност кон настраданото семејство Садик, ќе ја покажат со доброволно донирање и собирање парични средства. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука