Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид излезе со официјално соопштение околу исчезнувањето на 60-годишното лице од Струга.
– На 21-ви октомври 2024 година, во 16:45 часот во ОВР Струга е пријавено дека 60-годишниот К.М. од Струга, претходниот ден излегол да собира печурки во планината кај струшкото село Брчево, но не се вратил во неговата викенд куќа во истото село и дека со него не можат да воспостават телефонска комуникација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 210