Охрид, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 8-ми ноември 2024 година, во 03:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Методи Патче“ во Охрид настанал пожар во патничко моторно возило марка „БМВ“ со охридски регистарски таблици, во сопственост на 36-годишно лице од Охрид.
– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ТППЕ Охрид
Прочитано: 175