јуни 27, 2019

Охрид, 26. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид излезе со детали за cooбpaќajна нeзгoдa која се случи синоќа кај „Прентов мост“.

– На 25-ти јуни 2019 година, во 20:15 часот на крстосницата на магистралниот пат Охрид – Ресен со локалниот пат за селото Куратица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Сеат Леон“ со битолски регистарски ознаки, управувано од страна на 23-годишниот М.Д. од Битола и патничко возило „Рено Клио“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната Г.К. од Охрид. Вo незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Г.К. и малолетно девојче, сопатник во возилото „Рено Клио“, информираат од Секторот.

Додаваат дека повредените биле пренесени во Општата болница, а подоцна и во болницата „Св. Еразмо“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука