Охрид, 5. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти јуни 2023 година, во периодот од 15:00 до 21:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале и санкционирале 63 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 11 во Охрид, 16 во Струга, 33 во Килево и 3 во Дебар.
– Дополнително, од сообраќај се исклучени 16 возачи кај кои е утврдено дека управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид 3, Струга 1 и Кичево 12). Во наредниот период и во пресрет на летната туристичка сезона, сообраќајните контроли на магистралните и регионалните патишта на подрачјето на СВР Охрид ќе бидат интензивирани со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес