Охрид, 23. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Отсекот за превенција во соработка со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја реализираа превентивната кампања „Користи зимска опрема, вози безбедно, вози одговорно“.
Притоа, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, беа контролирани повеќе патнички и други моторни возила со укажување на неопходноста од поседување зимска опрема во возилата, но и од совесно и одговорно управување на возилата и прилагодување на брзината на движење кон условите на патот.
На возачите им беа поделени едукативни летоци со соодветни совети за безбедно возење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28