јули 2, 2019

Охрид, 2. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на зајакнување на партнерскиот однос со граѓаните, излегување во пресрет на нивните потреби од безбедносен карактер и навремено решавање на безбедносните предизвици и состојби, СВР Охрид, за работа ја отвори полициска канцеларија во населбата Пештани.

– Полициската канцеларија се наоѓа во близина на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, истата ќе биде отворена секој ден во времето од 11:00 до 19:00 часот. Во овој временски интервал, граѓаните од Пештани и околните населени места ќе можат да остварат директен контакт со полициските службеници и непосредно да поразговараат за одреден безбедносен настан, да изнесат свои ставови за подигнување на степенот на безбедноста на подрачјето и да добијат навремена и точна информација што е предмет на нивниот интерес, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука