јули 30, 2019

Охрид, 30. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 19-ти до 27-ми јули 2019 година, Секторот за внатрешни работи од Охрид, на целото подрачје што го покрива, ја спроведе превентивната кампања „Соседска патрола“.

– Мешаните патроли, составени од полициски службеници од одделението за превенција, родители, претставници на Советот на родители во Основните училишта, од секторот за образование при локалните самоуправи, како и на Центарот за социјални работи, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, во времето од 22:00 до 02:00 часот, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите. Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.
Целта на проектот „Мешани патроли“ е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследнода се почитуваат законските одредби пред се’, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информриаат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука