декември 8, 2019

Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во знак на почит и сеќавање, на Свечената академија која се одржа синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на прерано починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски му беше постхумно доделена највисоката награда „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“, како највисоко општинско признание.

Наградата, со која Стојаноски сосема заслужено го добива ова високо признание, ја прими неговата сопруга. Покрај највисоката награда, беа доделени и двете повелби, кои оваа година ги добија Виолета Петкоска, професор по одделенска настава во ОУ „Кочо Рацин“ за нејзините успеси во делот на образованието, како и охридската Планинарска спасителна служба за спроведувањето на транс-граничниот проект за спасување на планина.

Image may contain: 2 people, people smiling

Image may contain: 2 people, people smiling, people standing and shoes

Во изложбениот салон при Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена традиционалната изложба на фото-клубот „Охрид“, а во галеријата е поставена изложбата на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Со синоќешната манифестација продолжуваат настаните со кои општината и институциите кои го носат неговото име, го одбележуваат 8-ми декември, Денот на заштитникот на Охрид, Св. Климент Охридски.

Настаните започнаа пред три дена со концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“, по што во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“. Во Прличевата во петокот одаја се одржаа свеченостите во чест на Патронот, во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“, по што од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа премиерата на играниот филм „Дедо и внук“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Започна одбележувањето на Денот на Патронот на градот Св. Климент Охридски

Денес, на денот на празникот за 10:00 часот е предвиден поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски во црквата на Плаошник, а половина час подоцна и полагање свежо цвеќе на неговиот споменик во основното училиште. Од 11:00 часот ќе има полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на Градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Foto Zoom

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука