Охрид, 29. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – По неодамнешниот реизбор на Лазе Танески за претседател на Општинската организација на СДСМ од Охрид, паријата ги избра новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на партијата на локално ниво.
– Ве уверувам дека изборот ќе ја покаже рамнотежата меѓу искусните и повозрасните и младите кои доаѓаат и треба да го продолжат и надградат патот на СДСМ на локално ниво. Идните ваши претставници ќе бидат наша и ваша врска со базата и раководството, општината, партијата на централно ниво, истакна Танески.
Извршниот одбор брои 18 членови и тоа: Ахмет Пател, Тања Костојчиноска, Јован Симонче, Богоја Кумбароски, Марија Миленковиќ, Цветко Ристески, Емилија Танеска, Зоран Родич, Живка Ангелоска, Ана Николоска, Васко Паскали, Зоран Целески, Николина Божиноска, Ристе Недески, Јане Тодороски, Гордана Радеска, Игор Бежоски и Петар Серафимоски.
Во Надзорниот одбор се: Бранко Ногачески, Владимир Петрески, Наташа Грозданоска, Љубица Секулоска и Игор Јорданов.
Новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ од Охрид на конститутивната седница се очекува да го избере секретарот на партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: СДСМ