Скопје/Охрид, 9. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Радмила Шеќеринска и стружанецот Јован Митрески ќе ја предводат 5-та Изборна единица, беше одлучено на Конгресот на СДСМ на кој беа финализирани изборните листи за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12-ти април.
Периодов наназад се вршеа сериозни внатрепартиски пребројувања, сондажи и позиционирања за да се состави изборната листа. За нас најинтересната, 5-та Изборна единица во која е Охрид, СДСМ предизборно ја дели со БЕСА, што значително ќе ги намали „добитните“ места за членовите на партијата, што пак внатре-партиската „борба“ за места периодов наназад ја направи уште поинтересна. Ако се додадат тука и желбите на останатите помали коалициони партии, тогаш е повеќе од сигурно дека апетитите најверојатно ќе се задоволуваат подоцна, со директорски и советнички места, како и високи позиции во Владините тела и агенции.
На 4-та позиција на листата е Лазе Танески, актуелен претседател на ОО на СДСМ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива