Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не кажа ниту збор за иселувањето на 776 млади од Охрид и економската стагнација на градот. Но, затоа соопшти дека се гордее со тоа што ги задолжи граѓаните, реагираат со соопштение до медиумите од охридската организација на СДСМ.
Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески немаат исполнето ниту едно ветување во изминатата година и половина, односно во мандатот што го добија за да владејат во Охрид.
– ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески признаваат дека немаат исполнето ниту едно ветување иако помина година и половина од нивниот мандат. Фаза на голем интерес, фаза на добивање на договори, фаза на изготвување на урбанистички план, припремни активности, се очекува одобрение, тоа се оправдувањата на ВМРО-ДПМНЕ зошто досега ништо не реализираа, ништо не изградија, стои во соопштението од СДСМ Охрид.
Супер радио/СДСМ Охрид