Скопје/Охрид, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најостро го осудуваме чинот на остранување на спомен-плочата на НОБ во Охрид. Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност, порачаа на денешната прес конференција од СДСМ.
– Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело. Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков. Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие. Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ. Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци. Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид. Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорноста, порачаа од партијата. (Крај)
извор: МИА фото: архива