октомври 31, 2014

Охрид, 28. октомври 2014 (ОХРИДПРЕС) – Народот во Македонија е се‘ посиромашен, а партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ се‘ побогата, изјавија во Општинската организација на СДСМ Охрид на денешната прес-конференција, додавајќи дека новите простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ  на атрактивна локација во центарот на Охрид имаат пазарна вредност од над 300 илјади евра.

– Според имотниот лист, станува збор за 123 метри квадратни во комплексот згради кај Старата автобуска станица во Охрид. Се поставува прашањето – како на партијата ВМРО-ДПМНЕ и‘ успева да се богати и луксузира додека граѓаните едвај да врзуваат крај со крај, велат во СДСМ.

Оттаму прашаа зошто огромни пари се инвестираат во партиски простории, кои, како што рекоа, можат да се искористат за доброто на сите охриѓани.

katastarimotvmro

– Наместо тоа, локалната самоуправа во Охрид дополнително ќе ги задолжи охриѓани со нови 127 милиони денари кредит за наводни капитални инвестиции. Од кога пет возила за „Охридски комуналец“, две кружни раскрсници и асфалтирање на неколку улици претставуваат капитални инвестиции?! Што стана со приоритетните капитални проекти што ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот им ги ветија на охриѓани пред 20 месеци во нивната изборна програма, беше речено на денешната прес-конференција во СДСМ Охрид. (Крај/СДСМ Охрид)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука