февруари 17, 2018

Охрид, 17. февруари 2018 )ОХРИДПРЕС) – Луѓето кои со години, под притисоци и закани за отказ, носеа партиски војници по митинзи, протести и контрапротести, не можат да зборуваат за партизација на секоја клетка во нашето општество, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид на изнесеното на вчрашната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Од ВМРО-ДПМНЕ се чини сметаат дека граѓаните ги преспале изминатите десет години, години во кои ја цицаа крвта и достоинството на секој човек, просветар, правник, архитект, уметник. Од ВМРО-ДПМНЕ се чини сметаат дека сите овие луѓе и многу други, не гледаа во немоќ додека партиски војници ги добиваа работните позиции за кои тие се учеле и образовале. Граѓаните добро знаат и никогаш нема да заборават како адвокати стануваа министри за здравство, а потоа и образование, за тоа какви луѓе ја водеа културата, внатрешните работи. Срамота е од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид да зборуваат за чистки и политичка одмазда кога нивниот довчерашен градоначалник, политички неподобните општински административци, ги испраќаше под казна во Косел, во простории и услови под секакво човечко достоинство. Срамота е и да се игра со колективната меморија на охриѓани и да се навредува интелегенцијата на сопствениот народ. На крајот на краиштата, ако првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ толку се грижат за нивните партиски војници, нека повелат, нека ги посетат во институциите. Бидејќи Владата на Република Македонија, и локалните самоуправи, јасно ја покажаа и цврсто стојат на својата определба дека сите луѓе се исти и заслужуваат можност да заработуваат за живот. Наместо реваншизам, оваа Влада и оваа локална самоуправа покажаа и покажуваат дека секој оној кој сака да работи, ќе биде ставен во функција, пред се и над се, во корист на граѓаните, стои во реакцијата. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука