Лондон, 21. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Според една студија објавена во Англија, лицата кои живеат со луѓе кои пушат во затворени простории е еквивалентно на живеење во затворен простор со многу загаден воздух.
Опасностите од пасивното пушење се добро документирани. Центрите за контрола на болести и превенција (CDC) известуваат дека од 1964 година, 2,5 милиони непушачи починале како резултат на изложеност на пасивно пушење.
Пасивното пушење содржи повеќе од 7000 различни хемикалии, кои предизвикуваат рак.
Истражувачите проценуваат дека врз основа на податоците земени во периодот меѓу 2009 и 2013 година, во три од четири домаќинства, лицата кои се непушачи страдаат од пасивно пушење. (Крај)
извор: Foxnews фото: архива