Охрид, 6. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По седми пат, денес во Охрид се одржа Бадникова поворка за Христовото раѓање.
Во поворката учествуваа околу 600 деца пријавени доброволно, од претшколска возраст до 9 одделение. Поворката се формира и тргна од храмот „Св. Георгиј“ во 11.00 часот, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ и помина по улиците „Јане Сандански“, бул. „Туристичка“, кружен тек кај „Охридска Банка“ и бул. „Македонски просветители“, по чаршијата до Градскиот плоштад каде што е поставена голема пештера – симбол на Витлеемската пештера во која е роден Исус Христос.
Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Riste Spiroski Photography
Прочитано: 24