јануари 22, 2020

Тирана/Охрид, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во среда, на 29-ти јануари, во Тирана, Албанија ќе се одржи 7-мата Дримска Конференција, како дел од одбележувањето на 10-годишнината од Дримскиот процес.

Учество ќе земат преставници на клучните институции кои работат на заштита на Дримскиот Басен. Конференцијата ќе биде место на дијалог на преку 120 престтавници на Министерства, невладин сектор, академската фела и корисници на водните услуги.

Воедно Конференцијата ја одбележува 10 годишнината од отпочнувањето на координираниот Дримски Корда процес – институционална структура формирана да обезбеди кординирана акција во Дримскиот Басен. Тема на годинешната Конференцијата е управувањето со сушите.

Дримската Конференција е организирана од страна на Глобалното Партнерство за води – Медитеран – Global Water Partnership-Mediterranean, како дел од процесот за имплементација на Дримскиот Меморандум за разбирање во кој партиципираат Република Македонија, Албанија, Грција, Косово и Црна Гора. Целта на Глобалното партнерство за води (ГВП Мед) е да се осигура управувањето со води во Медитеранот низ воспоставување на интегрирано управување со водните ресурси (ИВРМ). Тоа обединува повеќе од 100 интересенти од различни водени сектори вклучувајќи и 10 регионални мрежи на интересенти. ГВП Мед е формирано во 2002 година и е една од 13 региони од интервладината организација Глобално партнерство за води (ГВП). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука