Охрид, 24. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Седми ден од потрагата по исчезнатото лице од Белгија, 72 годишниот Марк Јорис, кој планирал да планинари во реонот Охрид-Струга-Дебар.
– Лицето последен пат е забележано во атарот на село Лакајца, струшко, на 18-ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица сѐ до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката, велат од Националниот сојуз за планинско спаување.
Оттаму со молба и апел доколку некој го забележи или веќе го има забележано во изминатите денови, да ја сподели информацијата со операторите на 112 или да пријави во најблиската полициска станица.
На 18-ти септември 2024 година од амбасадата на Кралството Белгија во СВР Охрид било пријавено дека исчезнало 72-годишно лице од Белгија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива