Скопје, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Партијата за општествен и економски напредок „ПОЕН“, вчера одржа седница на Главниот одбор на која беше анализирана актуелната политичка состојба во Република Македонија.
На истата биле утврдени програмските приоритети и политичката платформа за претстојните вонредни парламентарни избори.
Од партијата информриаат за главните програмско-политички приоритети:
1. Развој на македонската демократија со здрави и стабилни институции
2. Економски развоен бум и отворање нови работни места
3. Комплетирање на проектот за НАТО И ЕУ интеграциите со што Република Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО и на ЕУ
4. Интензивни аграрно-рурални политики со кои македонскиот аграр ќе се претвори во најголема фабрика под отворено небо
5. Намалување на бројот на прекарните работници т.е. на Прекаријатот како класа на очајни работници кои не се осигурени, постојано им се газат прават, немаат сигурна работа што ги задоволува нивните потреби и иднината на своите деца
6. Општествена правда и општествена кохезија и обезбедување фер и праведни релации помеѓу граѓанинот, општеството и државата
7. Зајакнување на мултикултурното општество и интеркултурализмот како можност различностите да имаат рамноправно, активно и ефективно учество во јавниот живот
8. Беспоштедна борба за владеењето на правото и правната држава, како и против корупцијата и организираниот криминал
9. Една изборна единица и отворени листи
10. Почитување на хуманистичките идеали и на човековите права и слободи на просторот на Република Македонија, особено на правото за здрава животна средина
11. Слобода на изразувањето и слобода на медиумите како основа за гарантирање на основно човеково право на информирање
12. Квалитетно образование, спорт и култура – секој граѓанин има право на еднакви можности за квалитетно образование, културно воздигнување и спортски или рекреативен развој
14. Заштита и права на децата и на ранливите категории на граѓани
15. Негување и чување на општествено посакуваниот и очекуван вредносен систем
Од партијата додаваат дека се утврдени и кандидатите за пратеници на ПОЕН, што ќе бидат во заедничките кандидатски листи со коалицијата што ќе биде предводена од СДСМ.
– На седницата се избра Тања Китановска од Пробиштип за претседател на Главниот одбор, со мандат од една година. Антонио Секуловски е избран за шеф на Централниот изборен штаб за претстојните избори, како и координаторите по изборни единици Никола Шалваринов, Цоки Ристовски, Љупчо Петровски, Гоце Величковски и Зоран Стевоски. Главниот одбор на ПОЕН донесе одлука да Партијата премине во штапско работење, информираат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива